Живот и Стил

Неделен хороскоп: Вагите – стабилни, радосни вести за Рибите

Неделен хороскоп: Вагите – стабилни, радосни вести за Рибите

Овен

Оваа недела, спор или конфликт со машко лице ќе ви покаже дека не сте непогрешливи – и во вашите акции и во вашата проценка на одредени луѓе. Интересни разговори и активности ќе се развијат со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец.

Трошоци за деца, порамнување на плаќања, исплати и други издатоци поврзани со деца ќе искрснат. Ќе добиете пари од/за деца. Финансиските околности оваа недела ќе бидат поволни за вас. Искористете ги можностите. Успехот што сте го пропуштиле пред некое време сега ќе ве награди поради вашето трпение и вашата упорност. Ќе ве прати среќа во важен момент, збиднувања, контакти.

Може да доживеете непотребна паника за изгубен предмет, којшто е, всушност, во вашиот дом, автомобил или вашето работно место.

Бик

Оваа недела, ќе бидете посветени на семејството или на брачните проблеми на лице од вашиот круг на пријатели, соседи или професионалната средина. Ова ќе биде непријатна недела за оние од вас кои имаат љубовна афера.

Ќе има изненадувања на вашето работно место, повеќето поврзани со нови/дополнителни обврски и одговорности. Постои голема веројатност да добиете пари, заработка, награда, бонуси, нешто што ќе ви го надополни вашиот буџет.

Ќе има многу возбудувања во врска за момче или млад човек. Ќе има нешта за што тој ќе биде среќен, но, исто така, и нешта коишто ќе го исплашат или загрижат. Може да развиете интересни контакти со машко лоице во знакот на Лав, Овен или Стрелец.

Близнаци

Оваа недела, можеби ќе треба да се справите со проблеми поврзани со домаќинството или имотот. Можеби ќе треба да решите вакви проблеми поврзани на некој начин со ваши роднини или пријатели. Во многу ретки случаи ќе има неочекувани ситуации поврзани со наследување.

Приходите во кеш, кои ќе ги имате оваа недела, ќе бидат помалку од она што сте го очекувале. Можно е да има одложување, што може да ве растревожи. Планирајте го вашиот буџет однапред, за оваа недела да мине глатко и мазно.

Грижа ќе се појави во врска со патување – ваше или на ваши роднини. Можни вести од далечина поврзани со мало нарушување на здравјето на некој од вашето семејство или од вашиот круг на пријатели.

Рак

Оваа недела, женско присуство ќе се почувствува во вашиот живот, без разлика на вашиот пол. Контакти, разговори, размена на писма, како и важни информации и подароци ќе дојдат од девојка или жена која живее во друго место.

Задоцнување, потврда или предлози поврзани со важен документ ги чека жените-Рак до 40 години. Оваа недела ќе мора да донесете важна одлука и таа ќе биде во ваша корист, во ваш најдобар интерес. Ќе имате важен разговор со машко лице во знакот на Вага, Водолија или Близнаци.

Планирање и спроведување на собир/средба ќе биде во чест на една жена, специјално организиран за неа. Жените-Рак ќе бидат во романтично расположение и ќе имаат тенденција да создадат посебна атмосфера со нивното сакано лице.

Нова љубовна афера ќе се развие со лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Лав

Оваа недела, ќе ве исполни со позитивни емоции, особено на лично ниво. Може да имате интересни контакти со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Ова ќе биде поволна недела за расчистување на љубовните недоразбирања.

Вести може да вознемират поврзани со ненадејна промена во животот на роднина или некој близок. Можно е оваа вест да влијае врз вашата иднина: професионална, друштвена и лична ситуација и ова ќе создаде немир одреден временски период.

Ќе разговарате или ќе се вклучите во активности и обврски во врска со жена во вашето семејство. Жените-Лав над 35 години ќе поминуваат повеќе време надвор од дома поради различни професионални и социјални обврски.

Девица

Ова ќе биде погодна недела за решавање на прашањата кои ви создаваат загриженост и грижи (вклучувајќи го и вашето здравје). Ќе имате причина и повод да се радувате за успех што во голема мера ќе одреди некои ваши планови за 2019 година. Добра вест ќе добиете во врска со опоравување по извесно лекување на близок роднина или пријател.

Оваа недела Девиците ќе донесат важни одлуки во однос на партнери кои се далеку. Одлуките ќе бидат различни и ќе се однесуваат и на вашата непосредна иднина и на прашањата поврзани со подалечната перспектива.

Бидете реални во она што го сакате и она што го ветувате. Неочекуван подарок или предлог ќе бара позитивен одговор, избор на соодветен подарок како гест на искреност, и друго. Изненадувањата оваа недела ќе го зголемат степенот на вашето расположение.

Вага

Можно е оваа недела да бидете поемотивни во однесувањето со вашиот син, внук, брат и друг млад човек во вашето семејство. Мажите – Вага кои се родители на возрасни деца ќе имаат тешкотии во комуникацијата со нив. Можно е и на самите деца да им биде тешко да ги објаснат и да ги усогласат своите желби и цели.

Можеби ќе треба да одите кај одредени лица или институции за финансиски прашања, за решавање на недоразбирања во врска со готовински плаќања, заеми и многу повеќе.

Сè на сè, оваа недела ќе биде стабилна на финансиски план и може да очекувате конкретни финансиски приходи и од себе си и од други членови на вашето семејство.

Шкорпија

Во текот на неделава некои колеги, клиенти или менаџери на работното место ќе создадат тензија со несоодветни коментари, говори. Можни спорови и конфликти на професионална основа ќе се појават, а тие неизбежно ќе се вмешаат во вашите лични чувства и мислења.

Наскоро ќе му се јавите или ќе добиете објаснување од личност во знакот на Јарец, Бик или Девица во врска со претходни дејствија и интрига. Можно е некои тајни, задкулисни активности и друго да бидат разоткриени.

Оваа недела ќе биде од клучно значење за помладите претставници на знакот Шкорпија. Бидете многу внимателни и разумни, без оглед на тоа на што се однесува ова. Настаните оваа недела во голема мера ќе го одредат вашиот живот во 2019. Можеби мислите дека некои работи се ситници, но наскоро ќе ја сфатите вашата грешка…

Стрелец

Оваа недела една несакана, досадна, непријатна средба или собир ќе се одржи. Тоа веројатно ќе биде средба/забава каде што ќе се сретнете и можеби ќе се судрите со непријатни или груби луѓе. Имотни или финансиски прашања, најверојатно, нема да се решат оваа недела, како и оние поврзани со нови набавки.

Среќен настан ќе се случи, а ќе биде поврзан со момче или млад човек. Постои можност за вест поврзана со раѓање на машко дете. Мажите над 30 години ќе бидат изненадени од дејствие или разговор што ќе го водат со сопственото дете или внук.

Ќе сковате ново пријателство со млада жена во знакот на Стрелец и тоа ќе ви донесе нови емоции во животот. Се разбира, оваа врска може да биде од професионален или јавен карактер, па затоа ќе влијае и врз мажите и врз жените во знакот на Стрелец.

Јарец

Оваа недела може да биде тешка за вас од финансиска гледна точка, од различни причини, од кои повеќето ќе имаат врска со настаните од вашето минато. Сега треба да обрнете внимание на заборавени или задоцнети плаќање во врска со жртви од грешките во минатото или со не така мудри инвестиции и заеми.

Оваа недела можеби ќе треба да направите голем чекор во вашиот живот поврзан со специфична промена, завршување на одредени врски, или со работата. Бидте внимателни и за вашето здравје или за здравјето на некој близок.

Оваа недела ќе биде еден вид на тест за вашиот дух и верба. Ништо нема да ви се случи што не е во ваша моќ да го решите и ништо нема да ви се случи вам доколку не постои посебна причина. Научете да ги дешифрирате знаците на вашата лична судбина.

Водолија

Во текот на неделава, може да одите на службено патување или да добиете известување за некое претстојно. Тоа дефинитивно ќе биде настан кој ќе бара подготовка или размислување за целта на патувањето.

Може да имате проблеми со луѓе кои имаат свои проблеми, но кои се обидуваат да ги припишат истите на луѓе како вас. Избегнете мешање во односите на други луѓе, без оглед на тоа колку сте блиски. Неочекуван настан, или вест поврзана со веридба или свадба може да добиете.

Ќе има изненадување во вашето семејство поврзано со успех, неочекуван предлог, унапредување, признание или награда. Обрнете внимание на датумот 17 декември во вашиот календар.

Риби

Оваа недела може да очекувате радосни вести, или телефонски разговор со девојка/жена. Можно е таа да живее далеку од вас или да има важно патување.

На работното место може да има причина за славење или коментари кои се однесуваат на семејството или бракот на некој од вашите колеги, деловни партнери или клиенти. Аспектиран е разговор за можна нова работа или привремено професионално ангажирање со некого од вашиот круг на пријатели.

Претходен неуспех, грешка или непријатна ситуација од минатото може да се појават од некоја причина, а тоа може да ви го расипе расположението за кратко. Дефинитивно ќе очекувате и ќе посакувате многу посмирен период во вашиот живот.

To top