По кратко боледување на 66 години почина македонскиот драмски писател Горан Стефановски.
Стефановски живееше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што пред два дена, стигна тажната вест за неговата прерана смрт.
Неговите колеги, пријатели се простуваат од познатиот драмтург, а Весна Бејби на својот „Фесјбук“ сподели статус за Горан.
„Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, ми беше и професор и пријател.Си замина во вечноста, последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола:”Те сакааам!”Каков ум и каков фраер драги мои.Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија.Какво богатство ни остави …непроценливо???моите мили деца од актерската школа од најмала возраст ги учам кој е Горан и говорат негови текстови…Ќе недостасуваш најмногу… стварно нема смисла …..
“Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.”
Весна истакна дека ќе го сочува споменот на Стефановски и дека на децата од нејзиниот театар секогаш ќе им раскажува за неговите дела.
На својот „Фесјбук“, Весна побара од град Скопје улица која ќе се вика Горан Стефановски.
Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од најлодните драмски писател од современата македонска книжевност. Тој е постар брат на македонскиот гитарист и композитор, Влатко Стефановски.
Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година.Член е на Македонскиот ПЕН центар.
Со неговата појава современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.
Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“.
Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.