Не попусто се вели дека „крушката под крушка паѓа“, или во случајов, малата Хана е „плукната“ мама… Тамара! За физичкиот изглед нема да говориме, зашто ако ја прашате и едната и другата страна ќе ви речет: „ Зар не се гледа, дека е плукната на нас…“ ! Ама затоа она што не може баш секој да си го присвои е фактот, каде фатил генот, кога е дарбата во прашање. За спорт или музика… Зашто, машката е спортска, а женската страна, музичка!
Од она што засега се гледа од приложеното… талентот Хана ќе да го наследила од женската страна! Баба, дедо, тета, мама… сите се по музиката, песната и класиката. Па на нив е и малата наследничка!
Само што, барем сега за сега, мама и Хана различно се журкаат! На различна музика, на поинаков, подруг жанр…
И додека мама Тамара, иако не е осамена, во кафеана се забавува пеејќи ја макфестовската „Осамен“ на Трајче Манев, на нејзината Хана, се’ уште и рано за во кафеана…
Ама затоа не и за „ѓускање и денсање“, со малку повозрасните другарки на рап и ар ен би!
Впрочем, секој со своето друштво и својата музика… Онаа барем, што се затекнала… на ТВ или во кафеана!