Речиси никој од нас не е роден во оној хороскопски знак во кој мисли дека е роден, затоа што податоците во астролошкиот календар не се променети во согласност со промената на позицијата на земјата во однос на ѕвездите. Соѕвездијата се поместени за еден месец, се вели во емисија објавена од страна на Би Би Си.
Астролошкиот календар е создаден пред околу 2.000 години, а ефектот на поместување на Земјата предизвикан од Сонцето и Месечината значи дека соѕвездијата над нас се поместени.
–Ако некој, на пример, е роден кон крајот на јануари, логично, се смета дека е роден во знакот на Водолија. Но, всушност тие се родени во знакот на Јарец, вели д-р. Радмила Топаловиќ, атроном од Кралската Опсерваторија Гринвич која ја презентираше програмата.
Кога зодијакот за прв пат почнал да се применува од античките Грци, хороскопските знаци на луѓето се одредувале врз основа на соѕвездието кое што се наоѓало зад Сонцето во мигот на нивното раѓање. Но, соѕвездијата во моментов се поместени за околу еден месец.
Процесот на поместување се нарекува прецесија на оската на Земјата – се поврзува со тоа што Земјата се однесува како вртимушка и се случува на околу 26.000 години.
Тоа значи дека околу 86 отсто од луѓето во моментов не го знаат точно својот хороскопски знак.
Еве кој е вашиот вистински хороскопски знак:
21 јануари – 16 февруари – јарец
17 февруари – 12 март – водолија
13 март – 18 април –риби
19 април – 14 мај – овен
15 мај – 21 јуни – бик
22 јуни – 20 јули – близнаци
21 јули – 10 август – рак
11 август – 16 септември – лав
17 септември – 31 октомври – девица
1 ноември – 23 ноември – вага
24 ноември – 29 ноември – шкорпија
30 ноември – 18 декември – офиукус (змијоносец)
19 декември – 20 јануари -стрелец
Би Би Си исто така, нагласува дека постои и 13-то соѕвездие, познато како Офиукус. Се смета дека најверојатно старите астролози го изоставиле овој знак за да може полната кружница од 360 степени, да се подели на 12 еднакви дела од по 30 степени.
Соѕвездието кое познато како соѕвездие на Змијоносец, всушност поминува зад Сонцето во периодот помеѓу 30-ти ноември и 18-ти декември, така што некои од вас можеби се родени во сосема нов хороскопски знак.