Радио Милева И се заарни...

Водителката на „Брза кујна“ пак во бело: Александра во февруари повторно облекува невестински фустан! (ФОТО)

Водителката на „Брза кујна“ пак во бело: Александра во февруари повторно облекува невестински фустан! (ФОТО)

Шармантната водителка на најпопуларното кулинарско ТВ шоу кај нас, покрај шефовите Марк и Никола е главната ѕвезда во  „народната ТВ кујна“, чие мени заедно со споменатите готвачи го креираат натпреварувачите од публиката.

Александра Илиевска со своите коментари и шеговити препирки со шефовите на кујната, и стана многу симпатична на публиката, а нејзината популарност оттогаш оди постојано во нагорна линија.

Водителката пред две години го кажа судбоносното „ДА“ и тогаш беше прекрасна невеста… во бело. Свадбената фотосесија потсетува дека Александра навистина изгледаше и елегантно и отмено и заводливо…

Двеипол години подоцна, или поточно последната недела од месец февруари 2019, шармантната водителка одново ќе  облече невестински фустан!

Нееее… не се секирајте и немојте да бидете загрижени. Се’ е во ред со бракот на водителката на „Брза кујна“. не е во прашање „невеста-бегалка“ туку нешто сосема друго, кое очигледно лани им фати око на организаторите на популарната манифестација „Саем за венчавки“. Тогаш Александра беше едно од познатите дами, кои продефелираа на пистата, облечена во венчаница на креаторката Мила Кадриу на свечената модна ревија на венчаници по повод отворањето на осмиот саем.

Токму затоа прекрасната невеста, повторно ќе ја видиме во венчаница, но овојпат како заштитно лице на наредниот – 9-ти „Саем за Венчавки“ попознат како „Wedding Weekend 2019“ чие одржување е најавено во скопскиот хотел „Александар Палас“ од 22 до 24 февруари 2019 година, а на него ќе земат учество над 50-тина изложувачи од сите категории.

Венчаници, ресторани, фотографи, декоратери, накит, бурми, костуми, обувки, покани, ревии… и таа – најшармантната невеста од „Брзата кујна“.

 

 

To top