Сека Алексиќ се наоѓа во медиумска и музичка пауза, а максимално се посвети на својот син Јаков и сопругот Вељко.
Сека на фановите им откри дека не сака да се појавува во медимите кога нема потреба за тоа, а прозбори за проширувањето на семејството.
„Не сум личност која сака да се појавува по било која цена, не сакам да давам интервјуа, изјави Сека и ја прашаа што мисли за вештачкото оплодување.
„Тоа не е ништо ненормално, јас и како секоја друга жена сакам повеќе деца. Не сакам мојот син да биде сам, но се е во Божји раце. Јас и Вељко би сакале да имаме уште деца, вели Алексиќ.
Сека смета дека усвојувањето на деца е хумано дело, но сепак сака да роди свое дете.