Од денес книгата на Кристина Киа Коцкар може да се најде во продажба, а во неа открива непознати детали од својот живот.
Со денови се шпекулираше дека Кристина има тумор, а таа во својата книга потврди дека има три тумори.
Во својата книга таа потврди дека има здравстевни проблеми и дека станува збор за тумор на градите.
За туморот дознала три месеци од завршувањето на „Задруга“, но како што истакна нејзиниот живот не е загрозен.
Киа објасни дека откако докторот и соопштил дека има тумор му се јавила на поранешниот сопруг Слободан Радановиќ и призна дека по сознанието дека нејзиното здравје е загрозено не можела да дојде на себе и да верува што и се случува.
Таа призна дека во тој момент го обвинила Слободан поради се што и направил, но и самата себе бидејќи дозволила стресот да влијае на нејзиното здравје. Она што е интересно, Киа откри дека во тој период Слоба со неа поминал пет дена.