Нашата позната манекенка Катарина Ивановска и нејзиното семејство имаат ново место каде што ќе биде нивното срце, односно имаат нов дом, викендичка во убавото Маврово.
Катарина и нејзините сакани, сопругот и малиот Вања сега имаат место каде да ги минуваат викендите на планина, а да бидат на свој терен.
Имено, станва збор за викендичка во рустичен стил од кој секако доминира дрвото, а пак што се однесува на градбата, конструкцијата е сведена на минимализам.
Како што времето заладува, веруваме дека Катерина се повеќе ќе сака да ужива во оваа планинска идила… Ама и да избега од загадениот скопски воздух, нешто што дури и политички го протежираше во кампањата на СДС за локалните избори.
„Сакам да дишеме чист воздух, а за градоначалник да имаме човек кој сака, може и знае да се бори со загадувањето и од Скопје ќе направи модерен европски град во кој ќе дишеме слободно“ – агитираше тогаш македонскиот топ модел во рекламните партиски видеа за кампањата на СДС.
Откако состојбата остана иста, па дури и полоша, Катарина се обиде да си го најде чарето, па веројатно ова е едно од нејзините решенија.
-Нашата новa куќа, напиша таа во описот на фотографиите од куќата, а пријателите и честитаа за големата новина, а дадоа и коментар дека куќата е совршена… А и воздухот во Маврово многу почист и незагаден.