Промотер

Тајзи вака го доживеа „Пабло“ (ВИДЕО)

Тајзи вака го доживеа „Пабло“ (ВИДЕО)

Кумановецот Драган Величковски или попознат под уметничкото име „Тајзи“ има ново видео. „Пабло“... веројатно како инспирација од животот и делувањето на најголемиот нарко бос на сите времиња, кралот на дрогата Пабло Ескобар. Или можеби поттикнат од  крими серијата „Наркос“ која зборува за „големиот Пабло“?!

Како и да е, Тајзи завчера, на 10-ти октомври 2018,  го промовираше спотот за песната ,,Пабло”, кој веќе има речиси  70.000 прегледи и е еден од најсподелуваните на социјалните мрежи. Стилски песната не е далеку и ништо поразлична од неговиот препознатлив правец кој го негува, но затоа пак во себе носи моќна порака за иронијата животот во општеството во кое живееме.

Заразен ритам, латино звук, фиеста со лесни девојки, колумбиски картели, сиромашни гета, ретро автомобили, изобилство и беда, лакомост, доблест и злоба,  црни кеш пари, проституција, алкохол и дрога…

Видеото е вистинска филмска приказна која изобилува со сцени во кои доминира латиноамериканскиот амбиент, но во сценариото многумина лесно може да  препознаат и дел од нашата реалност!

Музиката и стиховите ги потпишува самиот Тајзи, додека аранжманот и продукцијата се на Александар Миличевиќ – Фјаза кој живее и работи во Шведска, додека миксот и мастерингот ги направил Роберт Билбилов.

Холивудската видеосторија за „Пабло“ ја режирал охриѓанецот Даниел Јовески со што ја потврдува својата висока класа. Снимана е во Скопје, на Аџитепе, спортскиот аеродром во Куманово, Пелинце, Ромското гето во Куманово, како и низ повеќе други локации во земјава.

Како звучи и изгледа македонската сторија за „Пабло“, проследете во продолжение:

 

 

 

 

To top