Пејачката Милица Павловиќ денес важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, а се прослави во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Меѓутоа, пред да стане популарна Милица се занимавала со работа која немала врска со јавност.
„Моја прва и единствена работа пред пеењето беше во печатница во Швајцарија. На почетокот работев најтешки работи: пренесував кутии, лепев налепници. Од првата плата ја реновирав кујната на мојата баба и дедо, вели пејачката.