Пејачот Стефан Анѓелковиќ пред некое време стапи во брак со долгодишната девојка Наташа, а брачниот живот му годи.
Тој откри дека секој ден води љубов со сопругата и дека едвај чека да добијат дете.
„Наташа не е бремена, но многу сакаме да имаме дете и вредно работиме на тоа. Би сакал првото дете да биде девојче, ќерките секогаш се поврзани со татковците. Кога станува збор за брачните должности редовно ги завршувам и наскоро очекувам добри вести, вели пејачот.
Стеван потенцираше дека со сопругата подолго време живеат заедно, а бракот само била круна на нивната љубов.