Радио Милева

(ФОТО) Божествено убава, неверојатно згодна, блескаво шармантна… Каролина Гочева со насмевка од милион долари

(ФОТО) Божествено убава, неверојатно згодна, блескаво шармантна… Каролина Гочева со насмевка од милион долари

Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации.

Веќе знаете, станува збор за дамата која повеќето милуваат да ја наречат и македонската поп принцеза – Каролина Гочева.

Слободно може да кажеме дека Гочева важи за една од најдобро стилизираните јавни личности, а тоа го потврдува од фотосесија во фотосесија.

Претходната година, пејачката имаше важен момент во нејзиниот живот, односно го кажа судбоносното „да“ и заплива во брачните води со нејзиниот партнер Михаил Корубин.

Освен тоа, кога станува збор за музиката Гочева го издаде и својот албум „Извор“, кој имаше одличен одѕив кај публиката, а Каролина одржа седум концерти во МОБ, но и концерти низ Македонија.

Освен тоа започна и нова соработка со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.

Деновиве, Каролина направи нова фотосесија  за италијански бренд на која изгледа божанствено како и секогаш, а нејзината насмевка ќе ве освои.

Следбениците на „Инстаграм“ и порачаа дека изгледа како балерина, но и дека насмевка од милион

Како и да е, Каролина изгледа боажнствено и со право ја носи титулата „македонска принцеза“.

фото: Лилика Стрезовска/инстаграм

To top