Јаболкото е овошје чии корисни и здрави својства често ги потценуваме и забораваме. Освен што ги чува забите, јаболката ги топи и масните наслаги. Испробајте ја оваа диета која содржи само вкусни и здрави намирници, а која ќе ви помогне без гладување да се ослободите од наталожените килограми.
Диетата со јаболка е наменета за сите оние кои сакаат на здрав начин да ослабнат. Се состои од 4 оброци на ден, пред кои задолжително морате да изедете едно јаболко.
Препорачани намирници
Овошје, суво овошје, свежо сирење, јогурт, јајца, пилешки гради, мисиркино месо, телешко месо, риба, интегрален ориз, овесни снегулки, брокула, карфиол, морков, блитва, спанаќ, свежа зелена салата и домати.
Избегнувајте секаков вид на леб, компир и тестенини, а доколку почувствувате голема желба за слатко изедете ред темна чоколада.
Пример за дневно мени
Појадок – јаболко (пред оброкот), омлет и овесни снегулки со јогурт/млеко
Меѓуоброк – овошје по желба и парче свежо сирење или чаша јогурт со помалку маснотии
Ручек – јаболко, 2 парчиња печени пилешки гради, варена брокула, шака интегрален ориз
Меѓуоброк – овошје по желба и варен зеленчук по избор
Вечера – јаболка, лосос или бела риба на скара или печена и салата по желба.
извор: макмода