Секому му е повеќе од јасно дека семејството е столбот на животот. И годините, младоста, лудоста, работата, кариерата… се минува, само љубовта кон најблиските е вечна. И со текот на годините таа „љубовна врска“ станува се’ поцврста, посилна, нераскинлива…
Особено е силна поврзаноста на родителите и децата, најчесто од спротивниот пол: мајката со синот, таткото со ќерката… Дали тоа природата го чини своето или едноставно животното искуство ги тера работите во тој правец, останува да објаснат стручњаците, но едно е сигурно: Она што се гледа со голо око е дека развојот на една личност во здраво семејство е непроценливо. Како и љубовта која едни на други си ја разменуваат неговите членови.
Од тоа не се „оперирани“ ниту познатите. Јавните фаци колку да изгледаат егоистични, егоцентрични,полни себе… сепак кога е семејството во прашање, како и секој од нас и тие ги покажуваат емоциите на виделина.
Меѓу сите ѕвезди – и тој, кога е љубовта кон семејството во прашање. Не само „Миг 21“, туку секој миг во животот го користи за да биде со најблиските. Одан сопруг, посветен татко, таков е Дарио Панковски.
Но се чини дека негова „ахилова петица“, негова „слаба страна“ е неговата ќерка Андреа. Очекувано и природно, исто како и нишката од спомени, преточени во фотографии низ годините кои Дарио ги постираше на својот Инстаграм профил.
Низ нив се потсети и себе си и сите други на сите овие години: од времето кога неговата „жена за сто години“ му ја донесе на свет, а тој беше „бушав поп пејач со кариера во подем“…
…преку тинејџерските денови на својата убавица која ги засака музиката, танцот и балетот…
…па се’ до зрелите години на сериозната „девојка за мажење“…
Или поточно преубава, прекрасна невеста, како бел лебед крај езерската шир каква што неговата Андреа беше минатиот јули (2022 година), на нејзината свадбена веннчавка во Охрид.
На временскиот фото колаж Дарио, кој за жал немаше можност до крај да ја почувствува родителската љубов зашто многу рано остана без мајка, ја покажа својата „безусловна љубов на татко и ќерка“!
Неговиот потег разнежни многу срца, исто како и неговите стихови од песната: „Два – три збора обични во право време кажани, вредат многу повеќе, од сите романи напишани…“ !
И вредат… Само нека е, здравје Боже, така – довека!