Ар-Ен -Би дуото ДНК минатиот викенд го имаше својот настап во Куманово на музичкиот фестивал „Хенгаут“. Таму Андреј и Панчо уште еднаш покажаа дека се големи музички ѕвезди, а првиот ден од оваа работна недела покажаа и нешто многу поважно – дека имаат уште поголемо срце.
Иако хуманите гестови на двајцата музички уметници и до сега не им беа непознати, овој пат тие навистина го заслужија епитетот хумани, покажувајќи дека не се само големи музичари туку и големи како луѓе.
Имено, тие беа во Крива Паланка, но овој пат не на настап. Беа да се сретнат, со Даниела, млада жена која сиот товар на животот кој нималку не бил милозлив кон неа, го носи на своите плеќи. Мајка на две ќерки – тинејџерки, измачена жена која во домот, ако така може да се наречат субстандардните услови во кои живее таа со своето семејство, таа е и мајка и татко и жена и маж… На неа се обврските околу обезбедувањето егзистенција, грижата за домот, децата, негата на болниот сопруг…
И покрај сета мака, таа ДНК двоецот го пречека најдомаќински, а Андреј и Панчо се погрижија со иницијатива да и се помогне на неа и нејзиното семејство за подостоинствен живот.
„Денеска бевме во Крива Паланка и се сретнавме со нашата нова хероина Даниела која има само 34години, а животот и доделил терет со кој и најсилните не би можеле да се соочат. Даниела е мајката која континуирано ги лажела своите две ќерки ( 14ет и 16ет години ) дека јадела кај своите соседи за да има повеќе за нив. Нивната куќа личи на се освен на дом. Ведра и со топлаа насмевка и измачена од животот не пречекаа како секоја добра домаќинка и не угости како што е редот.
Преку нас ве замолува сите вас добри луѓе кои се во можност да им излезат во пресрет бидејќи се наближува зимата за која вели дека им е најголем “непријател” под овие услови во кои моментално се наоѓаат. За целата ситуација да е уште потешка, сопругот е тешко болен и оневозможен да и помогне.
Она е и мајка и татко.
Денес ние дониравме онолку колку што ни дозволуваат нашите можности и нашите скромни буџети. Дониравме : фрижидер прехрамбени продукти, средства за хигиена и телевизор за кој ни се приклучија нашите долгогодишни хумани соработници и пријатели Жито Маркети , Ком Трејд дистрибуција и АгроТехна.
Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат на оваа храбра жена и нејзината фамилија слободно нека го исконтактираат Отец Оливер на : 078383743
Ви благодариме однапред, Панчо, Андреј“ – напишаа македонските музички уметници, кои уште еднаш покажаа дека покрај правењето хитови, само тие знаат како и да помогнат, тогаш и таму, каде што најмногу треба. Од утро до мрак, ако треба!
На сите останати хумани луѓе, институции и фирми е да го прифатат предизвикот и да се приклучат во помошта. ДНК само ја потегнаа иницијативата и покажаа дека имаат СРЦЕ! Не само во песните и во насловот на албумот. Туку вистинско хумано и големо човечко срце… Срце кое знае се’!