Во најновото издание на ТЛЗП, Тијана Дапчевиќ ја имаше најпровокативната имитација од која беше на висина на задачата во улога на светски познатата пејачка и тинејџерска ѕвезда, атрактивната русокоса Тејлор Свифт.
Тијана уште еднаш ги доби сите пофалби од жирито за настапот и покажа дека може да се снајде во било која задача која ја добива од емисија во емисија.
Па така за песната „Look what you make me do“, таа најпрвин се појави како лежи во када, подоцна беше затвореничка во кавез, за на крај да брилира на реквизит во форма на буквата Т кој го посака да го има на својот балкон.
Инаку, по завршувањето на точката Тијана кажа дека највозбуден за оваа улога бил нејзиниот син Вук кој прв се понудил да и помогне за полесно вокално да ја совлада Тејлор и била шокирана како тој ја пее од почеток до крај.
Доколку вчеравечер немавте можност да јапогледнете, тоа можете да го направите од видеото во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=RGDR8y6WoQw