Откако осетила малаксаност и изгубила свест, поп пејачката Наташа Беквалац е сместена во болница, каде примила инфузија, а како главна причина за немилиот настан лекарите навеле дека е неколкумесечната тензија која ја чувствува.
Иако поминаа четири месеци откако животот и се промени од корен, Наташа (37) се уште не го најде потребниот мир.
Целата сила ја вложи во тоа дека по семејното насилство, како мајка мора да продолжи понатаму, да крене глава и да биде крај ќерките Хана и Катја за се што им треба.