Радио Милева

Овие познати личности од Србија освен во пеењето се пробаa и во приватен бизнис кој не им успеа!

Овие познати личности од Србија освен во пеењето се пробаa и во приватен бизнис кој не им успеа!

Познатите пејачи пејат по клубовите и дискотеките за одреден хонорар, а некои од нив освен во пеењето се пробале и во приватен бизнис.

Познатата пејачка Гога Секулиќ пред девет години отворила салон за убавина каде што ги користела најновите методи за средување на нокти, па јавните личности оделе кај неа на миникир и педикир.

Меѓутоа, бизнисот на Гога не одел најдобро како што треба, но и поради пеењето таа немала време да се занимава со тоа, па набрзо го затворила.

фото: Гога Секулиќ

Салон за убавина отворила и Славица Чуктераш. Оваа желба ја исполнила пред седум години, но бидејќи бизнисот не и одел како треба го затворила салонот.

фото: Весна Лалиќ

Пејачката и водителката Дајана Пауновиќ пред неколку години исто така се пробала на полето на козметиката, но и таа брзо го затворила салонот, а во градот се зборувале дека тоа е поради лошо водење на бизнисот.

фото: Дајана Пауновиќ

Тина Ивановиќ заедно со сопругот отворила телевизија кон крајот на 2009 година. Меѓутоа, шест месеци подоцна одлучиле да ја затворат телевизијата.

фото: Тина Ивановиќ

Пред четири години Марија Шерифовиќ и нејзината мајка Верица Шерифовиќ отвориле слаткарница. По неколку години Верица и Марија одлучиле да ја затворат слатакрницата, а Верица сега има друго хоби односно изработува кутии за накит.

фото: Петар Марковиќ

Пред четири години Милица Тодоровиќ отворила неколку ресторани за брза храна. Еден од нив морала да го затвори.

Фото: Инстаграм
To top