Станија Добројевиќ има нов поздрав за Вас и со нова порака ве мами од Мајами.
Српската старлета пред целата јавност демонстрираше како изгледаат најдобрите кардиовежби… на плажа.
Доколку имате вишок килограми, по малку останато салце, или едноставно за здрав дух во здравото тело, Станија смело ќе ви демонстрира како треба да се вежба според нејзината специјална програма кардиовежби.
„Драги мои, летото е совршено време да се донесе линијата до совршенство! Висока температура, помалку чувство на глад, многу течност и нема подобро време да изгубите од вишокот килограми најбрзо што можете!
Ако имате вишок на сол или килограм повеќе, летото и топлината овозможуваат да се ослободите од нив, колку што е можно побрзо, доколку правите кардиоваскуларни вежби на сонце!
Јас препорачувам заштитен фактор, многу пливање и оваа кардио вежба видео“ – препорачува Станија во својот пост!
Претходно, старлетата направи една мала, летна мини фотосесија, чисто онака, колку оние „клапнатите“ да ги излечи од депресија, па да им го крене духот… и моралот, секако, ако веќе, може некако!
А како поинаку, ако не со поглед на нејзините бујни и сочни „тути атрибути“ во кои тангата на жолтиот едноделен костим за капење, вдлабнато пропаѓа како „брод што тоне“…
Само што овој тоне во нешто, во кое сите би сакале да потонат…
Погледнете и зошто. Се разбира доколку не сте од оние со слабо срце почнете уште веднаш со примена на кардиовежбите на Станија од видеово: