Победничката на првата сезона на реалното шоу „Задруга“, Киа Коцкар станува дел од групата „Министерки“ во која до неодамна беше пејачакта Едита Арадиновиќ.
На местото на Едита, ќе дојде Киа Коцкар, а оваа информација ја потврди еден од сопствениците на групата.
„Точно е, снимавме песна која ќе излезе за десетина дена. Кристина е супер девојка, има одлична енергија и се надевам дека на публиката ќе и се допадне тоа што го направивме, вели Милетиќ и додава:
„Што се однесува до нејзиниот договор и турнеја со „Министерки“ се уште не можам ништо да кажам. Кога ќе бидат договорени сите детали, тогаш можам да зборувам“, вели Филип за „Ало“.
фото:инстаграм