Академикот за регенеративна и естетска медицина Сава Кнежевиќ за магазинот ВИП открива дека девојките често доаѓаат во неговата ординација со фотографии од познати личности и бараат од него да направи да изгледаат како нивните идоли.
Меѓу другото, тој открива и колку чинат естетските зафати кај пејачката Александра Пријовиќ која го промени личниот опис.
-Кога е во прашање Александра, тука очигледно имало доста работа. Сепак, се е направено со мерка. Таа ја регулирала големината на усните, велицата е контурирана заедно со подбрадокот, на јаболчниците им е даден волумен. Градите очигледно е дека се силиконски, а исто така поработила и на линијата, па се дошло на свое место. Што се однесува на корекции, би ги сменил контурите на лицето, а сметам дека за сите операции платила околу 8 илјади евра, вели експертот.