Фолк пејачката Сузана Гавазова тргна на снимањето на фолк шоуто „Мерак меана“ на Сител телевизија.
Секако, таа се одлучила да ги израдува нејзините обожаватели како и секогаш па се појавила во изданието во кое што очекуваат да ја видат.
Сузе многу често знае сите да ги возбуди со провокативни фотографии, а изборот што сега го направи падна на барби верзијата.
Како вистинската барби, Гавазова позираше за фановите и повторно никого не остави рамнодушен.
Имено, струмичката фолкерка за оваа прилика се стегнала во розов фустан до колена, со голи раменици врз кои паѓаат и и ги допираат долгите обетки со кои се одлучила да го комплетира изгледот.
Намигнувајќи им како русокосата барби, Гавазова успеа да ги инспирира и како црнокоса.
Фото: printskrin/instagram/suzanagavazova