Сестрите Барбара и Тина Шегетин и се претставија на јавноста во септември 2015 година со учество во популарното шоу – регионалниото ријалити „Голем брат“. Тие тогаш привлекоа големо медиумско и јавно внимание поради атрактивниот изглед и необичните изјави. И двете се родени во Риека, а кога влегле во реалното шоу живееле во Загреб. Во тоа време тие се занимаваа со манекенство.
Сестрите и денес се многу блиски, а Тина често објавува фотографии со нејзиниот внук Лука, инаку син на Барбара. Локалните медиуми јавуваат дека тие денеска се сопственици на салон за убавина во Белград.
Тине е активна и на социјалните мрежи, а сега на своите следбеници им се пофали дека ужива во Тајланд.
View this post on Instagram
Таа сподели фотографија од еден локален ресторан, на која позира на голема лулашка. Таа ги воодушеви своите следбеници со својата атрактивна линија и долгите нозе.
Тина во реалното шоу започна врска со нашиот Дарко Спејко, а Барбара му го сврте умот на Ервин Мујаковиќ од БиХ, кој како и секој маж беше упорен во намерата да ја заведе, но таа го одби. Тина и Спејко – тогашнио победник на Големиот брат раскинаа набргу по завршувањето на реалното шоу, а риечанките се повлекоа од јавноста и целосно го променија својот изглед со серија естетски корекции.
Тина која во 2017 се омажи за Црногорецот Раца Јовановиќ, а на свадбата 9и дојде и Спејко со тогаш неговата нова голема љубов, струмичката модна блогрка Љупка Митрова. Но, според пишувањата по година и пол брак Тина се разведе од Црногорецот.
„Не живееме заедно веќе три месеци. “, рече таа, непосредно по нивната разделба, додавајќи дека таа била иницијатор на разводот.
Фото: Архива & Инстаграм/tinasegetin