Македонската пејачка Тамара Тодевска на социјалните мрежи редовно споделува моменти од секојдневието.
Приватениот живот таа не го крие од љубопитните очи на јавноста, туку напротив ја објавува секоја активност и секогаш има нешто ново да покаже.
Времето го поминува исполнето и не запира со активности особено кога се поврзани со нејзините деца и секако кариерата.
Неодамна тие ја посети Матка каде ја истражуваа пештерата Врело во друштво на саканиот, нејзината другарка, познатата манекенка Катарина Ивановска и нивните деца.
А сега веќе ужива во Маврово каде ги однесе децата да се забавуваат на скијачката стаза.
Но и да научат да скијаат бидејќи мама Тамара откри дека не скија.
Па, додека одмараше го зема мобилниот в раце и со јавноста ја сподели нејзината карта на раѓање, која досега никој не ја знаеше освен таа и можеби најблиските.
„Mојата карта за раѓање“ – напиша таа и откри дека во хороскоп е Близнаци, во подзнак стрелец, знак на месечина (чувства) шкорпија, знак на венера ( љубовни особини) овен.
– за сите оние кои не знаеја до сега, чисто да се знае каква енергија носи според астрологијата.
Фото: printskrin/instagram/tamaratodevska