Водителката Сања Маринковиќ се присети на своите почетоци како гостинка во една емисија и рече дека нејзината мајка ѝ ја шиела гардеробата, како и дека сама морала да ја средува фризурата и шминката. Во таа прилика додала дека дури шест години работела без пари.
-Првпат реков добро утро во 1996 година – рече Сања, а откако ја изгледа програмата во која првпат во животот ја водеше утринската програма додаде:
– Доаѓаш на утринска програма, немаше шминкер, немаше гардероба, немаше промoтер, каков промотер, тоа го немаше… А целата облека ми ја соши мајка ми. Навечер се фенирам, за да се тапирам наутро. Работев шест години без ниту еден динар, имаше хонорари кои беа ветени и никогаш не беа платени. А кога им биле исплатени, за шест години не вределе 200 евра. Добив парична казна: „ Нема хонорар“, си помислив: „Кој хонорар, не го ни добив“ – рекла Сања.
Инаку, Маринковиќ откри со што се занимавала пред да стане водителка.
– Тоа беше многу одамна кога живеев во Лондон. Така го заработив мојот дополнителен хонорар. Потоа работев во бутик, продавав фармерки, па работев во слаткарница, така се снајдов.Носев еден пар патики цело време, беше крајно заморно. Тоа е ужасно напорна работа каде што не ти дозволуваа да седнеш 10 часа. И кога немаше работа, мораше да стоиш и да се преправаш дека работиш. Диплев еден пар фармерки по 100 пати – изјави Сања во емисијата „Гранд специјал“.
Фото: printskrin/instgaram/sanjamarinkovicofficial