Познато е дека српската пејачка Ана Николиќ знае да се пошегува на своја сметка, па тоа се случи и овој пат откако објави видео од еден шопинг мол.
На снимката може да се види како непознато момче ја носи пејачката во раце и така го напуштаат молот.
По ова таа се огласи на својот Инстаграм профил каде објави и видео од настанот.
-Единствен начин за да излезам од продавниците, напиша Николиќ.
Оваа објава насмеа многумина нејзини следбеници, па со тоа уште еднаш се докажа дека пејачката е „кралица на хуморот“.
фото:Instagram printscreen/ ananikolicofficial