Радио Милева фејк имиџ...

Српскиот фолкер со својот стајлинг предизвика општ мајтап: Бунда, светкава блуза, „адидас“ панталони и сребрени чевли… за смеење до солзи (ФОТО)

Српскиот фолкер со својот стајлинг предизвика општ мајтап: Бунда, светкава блуза, „адидас“ панталони и сребрени чевли… за смеење до солзи (ФОТО)

Легендарниот српски фолкер Бобан Здравковиќ пееше за новогодишната ноќ во Ниш, а неговиот стајлинг никого не остави рамнодушен. Поточно, сите ги насмеа до солзи!

Имено, Бобан на сцената се појави во сребрена блуза со светки, црно-сребрени налик на тренерки „адидас“ панталони, сребрени чевли, а преку себе црна бунда. По настапот, неговиот стајлинг масовно се коментираше на социјалните мрежи.

„2024-та не ни почна како што треба,  а веќе го имаме стајлингот на годината во режија на Бобан Здравковиќ“ – гласи еден коментар.

„Што е ова по ѓаволите, плачам од смеење“, „Колку подолго го гледаш, толку посмешно ти станува“,  се само дел од коментарите.

Инаку, Бобан Здравковиќ беше популарен во деведесетите, а потоа целосно се повлече од јавната сцена. Многумина се сеќаваат на неговите хитови: „Маракана“, „Ме излажа една Маја“, „Не доаѓај во мојот сон“, „Птичка“…

Фото: Х/Bačka Kulen Zmija (Salami Serpente Bachkorum)

Инстаграм/boban_zdravkovic_officiale

To top