Живот и Стил

Како да направите фантастични посни сарми?

Како да направите фантастични посни сарми?

Има милион рецепти за посни сарми кои може да ги пробате оваа зима, но ако сакате да послужите совршени сарми на гостите, ова е единствениот рецепт кој ви треба.

Состојки:

4 главици кромид со средна големина
2 стапчиња праз
5 средни моркови
Малку магдонос
4 чешниња лук
500g ориз
1 компир
2 главици кисела зелка
Брашно
Вегета
Црвен пипер

Подготовка:

Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете го кромидот со празот.

Оризот потопете го во вода.

Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз.

Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте 10тина минути.

Тргнете ја мешавината од рингла и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно.

Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги мотате сармите.

Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете.

Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top