Часовите поминати во подготовка се вообичаена рутина на многу познати личности пред да излезат на црвениот тепих. Така беше и со Памела Андерсон до неодамна. На последните неколку настани таа се појави без грам шминка, а доделувањето на „The Fashion Awards“ во Лондон не беа исклучок.
Манекенката и актерка, облечена во бела модна комбинација – панталони, маица и сако – со насмевка на лицето без шминка, позиралше пред собраните фотографи. За уште повеќе да ја истакне својата природна убавина, таа ја собрала косата во ниско опавче.
Андерсон за првпат се појави без шминка на Модната недела во Париз, кога објасни зошто се одлучила на таков чекор.
„Не знам, нешто ми падна напамет. Се облекував во оваа прекрасна облека и помислив: ‘Не сакам да се натпреварувам со облеката. Не се обидувам да бидам најубавата таму. Се чувствував послободна“, рече тогаш таа.
View this post on Instagram
Памела истакна дека забележала дека многу луѓе се шминкаат, а таа сака да го прави спротивното од она што го прават сите останати.
фотоќ: Instagram printscreen/ pamelaanderson/ You Tube/ E News