Познатата Моника од „Пријатели“, актерката Кортни Кокс, проговори за трагичната вест за смртта на нејзиниот пријател и емотивен партнер од серијата, Метју Пери.
Таа на Инстаграм објави клип од шоуто со Чендлер, а откри и една тајна.
– Многу сум благодарна за секој момент што го поминав со тебе, Мети, ми недостигаш секој ден. Кога тесно соработуваш со некого, како што бев јас со Метју, има илјадници моменти што би сакала да ги споделам. Досега ова ми е еден од омилените. Да се даде малку позадина… Моника и Чендлер требаше да имаат аватура за една ноќ во Лондон. Сепак, поради реакцијата на публиката, тоа стана почеток на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да почнеме да глумиме, ми шепна една смешна реплика. Често правеше такви работи… Беше смешен и љубезен – напиша Моника.
View this post on Instagram
Да потсетиме, малку пред Кортни се огласи и Мет Лебланк, односно Џои од „Пријатели“.
– Метју, со тешко срце се збогувам со тебе. Времето што го поминавме заедно е меѓу омилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај, брат, конечно си слободен. Ти испраќам многу љубов и претпоставувам дека ги задржуваш 20-те долари што ми ги должиш, напиша Мет Лебланк во емотивната објава.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Getty images