Радио Милева која што има да покаже...

Дијана Оу-Џи и Кристина Димитри голи среде зима: Се’ за слава која се исплати, ако подоцна добро се наплати!? (ФОТО)

Дијана Оу-Џи и Кристина Димитри голи среде зима: Се’ за слава која се исплати, ако подоцна добро се наплати!? (ФОТО)

Зимата полека почна да ги покажува забите иако времето се уште држи, ама сепак… Сезоната на јакни, капути и бунди веќе започна, но изгледа  не баш за сите.

Македонските пејачки, Дијана Оу- Џи и Кристина Димитри на пример, покажаа дека и во ова календарско доба можат да бидат разголени и тоа да не им пречи. Или барем тоа така да изгледа, зашто работата им е таква што не смее да трпи ни заради студот,  па ако сакаат работа да има и едната и другата мораа  да снимаат голи среде зима!

Македонската траперка по учеството во  реалното шоу „Задруга“ реши да живее на релација Скопје – Белград, каде иако работи сосема петнаесетта работа, зашто не се живее само од музика, а сепак се обидува да се наметне и со она што го нуди како пејачка.

Арно ама и уметноста бара жртви и вложувања, меѓу останатото и финансиски, па затоа Дијана Оу-Џи финансиите веројатно најдобро ги обезбедува од секој нејзин нов перформанс на страницата за возрасни – „Онли фанс“.

Она што како најново го снимаше за потребите на својот тамошен профил, меѓудругото бараше и капење надвор во отворен базен. Колку водата и да била подзатоплена, а сонцето да ѕирка, во ова доба на годината и сонцето има заби, а времето е доволно студено за на пејачката да и смрзне… снагата!

Впрочем и самата траперка во описот на новата содржина тоа го опишала со еден смрзнат емотикон.

Наметнатата бањарка само малку ја подзгреала, ама затоа она што доаѓа потоа внатре во „Онли фанс“ апликацијата пали како жежок жар и гори како пожар!

Како и самата Дијана, чија експлицитна содржина за задоволство и радување, пејачката ви ја нуди со „дебел попуст“ и  гратис видео изненадување!

Какво и што во вас ќе поттикне, ќе дознае секој откако ќе кликне!

Нејзината колешка Кристина Димитри со слични дејанија и намери. По макфестовската „Посилна“ испеана во дует со Љуба Перуќица, уште една нова песна со артист од северниот сосед во видеото на тетовската убавица! Не дека Кристина и досега не сме ја виделе разголена – напротив, голотијата во речиси секоја нова објава за неа како да станува императив, ама овој пат во прашање е нешто друго.

Многу се*с… И во насловот на песната ( „Ми го е*а денот“) и прилично еротика во кадрите со кои Кристина спотот за истата го најавува.

Иако видеото се снимало уште во октомври кога температурите и не беа така ниски, сепак, времето не беше баш ни за по бикини, арно ама… Се’ за слава… Која до душа може и да се исплати, ако подоцна добро се наплати?

Само прашање е претходно, колку треба да се плати? Каков и колкав е влогот?

Како и да е, Кристина Димитри како и Дијана Оу-Џи, сериозно тргнале во освојување на Белград… И тоа „голи“ среде зима, за да покажат која што има…

Од нови хит песни со секси кадри во спотовите со кои планираат да ве фрлат во транс, или со нов еротски „Онли фанс“ перформанс!

Фото: Инстаграм/iamdijana.og/kristina.dimitry

 

 

To top