Популарната манекенка Емисли Ратајковски престојувала во Париз, а медиумите ја снимиле во текот на посетата на еден угостителски објект каде пиела вино во друштво на францускиот актер Стефан Бак.
По дружењето со вечера, парот одлучил да излезе на улица држејќи чаша вино во рацете, а Стефан пушел цигара. Парот подоцна прошетал на улиците на Париз, а Емили носела букет црвени рози во рацете.
Како што можело да се забележи, двајцата изгледале заљубено и среќно, а потоа следеле и страсни бакнежи среде улица.
@dailymail EXCLUSIVE: Emily Ratajkowski and Stéphane Bak showed passionate PDA, KISSING in the ‘City of Love’ 💋 #fyp #emilyratajkowski #stephanebak #paris #celebritycouple #rolance ♬ original sound – Daily Mail
За потсетување, Ратајковски беше 4 години во брак со Себастијан Бер-Меклард, од кој се разведе во 2022 година.
Оттогаш манекенката беше забележана со неколку мажи во јавност помеѓу кои и Пит Дејвидсон, Ерик Андре, Оразио Риспо, Џек Грир и Хари Стајлс.
фото:Bacgrid/Twitter printskrin