Во семејството на Дада Полумента настана општа паника откако беше оперирана неговата постара ќерка Алеа, а пејачот итно се огласи и ја одложи промоцијата на албумот која беше закажана за денеска.
Дадо, кој се подготвуваше да издаде албум наречен „Алеа“ како што ја нарекуваат неговата постара ќерка, а ден пред промоцијата ги извести сите дека била оперирана.
– Драги луѓе, за жал, поради итната апендектомија на Алеја, принудени сме да го одложиме издавањето на албумот и промоцијата закажана за утре. За датумот на издавање на новиот албум и датумот на промоција ќе ве информираме навремено. Ви благодариме на разбирањето – напиша Полумента.
Да потсетиме, Дадо со сопругата Ивона ги има ќерките Алеа и Алија, а од врската со Анамарија Кикош го има синот Доријан.
Фото: Принтскрин/Инстагарам/Ата Имаџес