Радио Милева честитки се редат

Додека тој е далеку од дома, Бог го даруваше со највредното: Јордан Митев стана татко (фото)

Додека тој е далеку од дома, Бог го даруваше со највредното: Јордан Митев стана татко (фото)

По шест години брак, за пејачот Јордан Митев и неговата сопруга Славица дојдоа најубавите денови за кои чезнееја – станаа родители за првпат.

Јордан на својот Фејсбук профил објави дека станал татко на женско, а убавата вест ја добил додека е на голема турнеја низ Австралија.

-20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко!, напиа тој, а честитките се редеа до недоглед.

Сите следни настапи за Митев ќе бидат посебни, бидејќи срце се радува и трепери за она што го чека дома. Неговата „Денес ми е добро на душичката“ веруваме дека ќе биде задолжителна на репертоар за здравица.

За потсетување, Јордан и Славица која е родена во Австралија се венчаа по врска која траеше нешто повеќе од една година, а големата свадба се случи во Македонија со сите обичаи кои ги носи нашата традиција.

Честити, да е здрава и жива!

фото:Фејсбук/Јордан Митев

To top