Радио Милева емотивно

Светлана Цеца Ражнатовиќ со хуман гест: Пејачката и кажа на мајката дека ќе го плати лекување на нејзиното болно дете (видео) 

Светлана Цеца Ражнатовиќ со хуман гест: Пејачката и кажа на мајката дека ќе го плати лекување на нејзиното болно дете (видео) 

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ стана вирална на социјалните мрежи кога се појави емотивно видео во кое и ветува на мајката на болното дете дека ќе плати за неговото лекување.

Имено, Цеца дошла да посети момче на кое му се допаѓаат нејзините песни и во таа прилика дознала дека детето боледува од тешка болест, а неговото семејство нема средства за лекување.

– Какви средства се потребни за тоа? – праша Ражнатовиќ, а откако мајката на малиот одговори дека лекувањето чини 19 илјади евра, Цеца рече:

– 19 илјади евра? Па, јас ќе ти помогнам. Ќе ти ги дадам тие пари. Не ни знаев дека е можно…

@rodoljublje_srb #foryou #beograd #beogradskisindikat #srbijatiktok #srbijatiktok🇷🇸 #srbija🇷🇸 #cecaraznatovic ♬ original sound – Rodoljublje_srb

По нејзините зборови мајката почна да плаче, а на работ на солзи и пејачката:

– Те молам немој, таман работа… само да има лек. Ќе ме расплачеш, те молам немој… – рече таа која на крајот сепак не можеше да ги задржи солзите.

Фото: Принтскрин/Тик Ток/Република рс

To top