Радио Милева вистински дијамнати

Војаж даде свој коментар за новите албуми на Јелена Карлеуша, но откри и интересни факти за неговиот скап накит (фото)

Војаж даде свој коментар за новите албуми на Јелена Карлеуша, но откри и интересни факти за неговиот скап накит (фото)

Еден од милениците на помладата генерација, раперот Војаж, присувствуваше на промоцијата на новите албуми на Јелена Карлеуша и во оваа прилика тој го кажа своето мислење за новите песни на Јелена.

„Првиот албум „Алфа“ не е моја шолја чај, „Омега“ е многу подобар за мене. Мислам дека сите родени овде имаат музички ген да го сакаат тој тип на музика, јас не се разликувам. „Омега“ е навистина поблиску, по мој вкус“, изјавил Војаж.

Тој коментирал и дали до сега станало збор и за нивна меѓусебна соработка:

„Не се зборуваше дека ќе соработуваме, не разговаравме во таа смисла. Имаше повеќе пријателски разговори и совети. Покажав почит кон неа и таа ми покажа почит, но зошто да не? Сакам да експериментирам со музиката. Ако правиме нешто што досега не е чуено, секогаш сум за“, ни откри Веруовиќ. Со славата доаѓаат и парите, па  откри дека ланчето што го носел е од Лондон:

„Тие се вистински дијаманти“, признал, но не сакал да открие колку чини: „Тоа чини колку што може раката дофат.Секој што ме познава знае,знае дека сум голем љубител на часовници и накит.Така е од почетокот на мојата кариера,секој што ме сака и следи знае колкава страст имам за накитот.Дури една од моите желби е еднаш во животот да имам своја продавница за накит“, истакнл Војаж.

Војаж на промоцијата на Карлеуша дојде со пријател и менаџерскиот тим, пабил прашан зошто не ја донел девојката:

„Не сакам јавно да ја изложувам. Знам дека знаете за неа, но не сакам да знаете повеќе од тоа. Таа живее поинаков живот и не ја интересира ништо поврзано со јавниот живот и јас сум многу среќен, се надевам дека така ќе остане“, изјави Михајло.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџе

To top