Радио Милева име со посебно значење

Луна Ѓогани го откри терминот за породување и како ќе се вика нејзиното второ дете (фото)

Луна Ѓогани го откри терминот за породување и како ќе се вика нејзиното второ дете (фото)

Ријалити ѕвездата и пејачка Луна Ѓогани  гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“.

Таа иако е на прагот на деветтиот месец од бременоста, тоа не ја спречи да го испопочитува водителот и телевизија Пинк, па се појави во студио и изненади многумина со својот изглед.

Како што откри во емисијата, нејзиниот термин е за четири недели и таа со нетрпение го очекува.

– Се пораѓам за точно четири недели – рекла Луна и открила дека нејзината втора ќерка ќе се вика Лана.

– Ми се допаѓаат тие кратки имиња, ќе се вика слично на мене. А кога биравме за Миа, знаевме дека сакаме толку кратко име, истото е и сега – истакна трудницата.

Нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ вечерва не гостуваше во емисијата, иако дојде со неа во Шимановци, но, како што истакнува поранешниот задругар, и е огромна поддршка во се.

Во текот на емисијата се споменуваа и бројни измами, а Ѓогани истакна дека целосно му верува на својот сопруг и дека знае дека тој не ја изневерил.

Инаку, Луна и Марко ја испратија својата прва ќерка Миа во Шведска, со баба Анабела Атијас  за Ѓогани целосно да се подготви за породувањето.

Фото: Принтскрин/Милета Мирчетиќ

To top