Светлана Црнокрак, синоним за убавина, сензуалност, елеганција…
Иако свевремено манекенството и моделството и беа примарна професија, денес Светле одвреме- навреме знае да зачекори на модна писта, но предност им дава на манекенките од моднто студио „Црнокрак“ чија газдарица долги години е заедно со сопругот Мики.
Денес Светлана се уште значи со својата младешка убавина пред објективите, но оние телевизиските како презентерка на вести, работа за која вели дека сосема случајно се нашла и во која совршено се снаоѓа.
А од работа пауза мора да се има, особено во лето, па семејството Цернокрак замина на заеднички одмор во Хрватска.
Светле, Мики и двете наследнички, Моника и помалата Нина. Ова беше совршена прилика за Светлана да направи една фотосесија каква одамна не сме виделе од неа.
Разголена во бикини, во една, па друга боја, во поза ваква или онаква, секако и повеќе од искусна за тоа да изгледа совршено.
За тоа какво тело има и колку се држи, воопшто не треба се опишува, туку да се гледа.
Дека убавинатз е пресликана и кај ќерките, покажаа и со една заедничка во костими за капење.
Фото- галеријата се најде на социјалните мрежи, што и не е нејзина пракса, но веројатно се споија местото, инспирацијата и енергијата, па овие манекенски бикин моменти остануваат да сведочат дека Светле не им се дава на годините, а нејзиниот сексапил не излегува од мода.
фото:Инсдтаграм принтскрин/Светлана Црнокрак