Пејачот Елтон Џон итно бил пренесен во болница откако се здобил со повреди по падот во неговата вила во Ница, Франција. Музичарот (76) итно бил пренесен во болница во соседниот Монако по инцидентот доцна во неделата вечерта, изјави неговиот тим за „Miror“.
– Можеме да потврдиме дека Елтон се лизнал во својот дом на југот на Франција и дека превентивно ја поминал ноќта во болница – пишува во соопштението од неговиот тим и се додава дека музичарот е во добра состојба и е дома:
– По прегледот, утринава веднаш е отпуштен и сега се врати дома во добра здравствена состојба.
View this post on Instagram
Елтон Џон го поминува летото во Франција со својот сопруг Дејвид Фурниш и нивните два сина, откако ја заврши својата долгогодишна турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ во јули годинава.
Последните настапи го одбележаа повлекувањето на Елтон Џон од турнеите во живо, но пејачот не ја отфрли можноста за повремени и пократки настапи во иднина.
Откако го објави својот деби студиски албум во 1969 година, Елтон Џон стана еден од најомилените музичари во Велика Британија, но и во светот. Неговата долгогодишна музичка кариера ја одбележаа бројни хитови, меѓу кои и „Tiny Dancer“, „I’m Still Standing“, „Your Song“ и „Are You Ready For Love?“.
фото:Инстаграм принтскрин/Елтон Џон