Пејачката Сека Алексиќ е многу активна на социјалната мрежа Твитер и често одговара на пораките на своите фанови, но знае и како да „пукне“ и на нивно место да го стави секој кој ги навредува и понижува другите, особено жените. Така и овој пат на свој начин директно одговори на непримерниот коментар на еден твитер за физичкиот изглед на пејачката.
Olcige, zanimljiv bi ti bio tvit da sam ja neka fotosopirana plastika i da se tako predstavljam, ali nisam. Nemam komleks i ako odes unazad i pogledas moje tvitove svaki drugi je na racun viska kg. Zena je zeni najveci neprijatelj i to je tako. Ali ja cu tebi evo biti prijatelj,…
— Seka Aleksic (@poslednjilet) August 14, 2023
– Интересен би ти бил твитот да сум некоја фотошопирана пластика и дека така да се претставувам, но не сум. Немам комплекс и ако се вратиш назад и ги погледнеш моите твитови, секој втор е за прекумерна тежина.
– Жената е најголемиот непријател на жената и тоа е точно. Ама јас овде ќе ти бидам пријател, ќе ти понудам да те запознаам со пријател кој е доктор и ќе го реши тој проблем на твоето лице што го имаш. За возврат барам чоколадо и запомни едно, не ме повреди затоа што немам никакви комплекси, во моето срце и со овој коментар најдовте љубов – напиша пејачката.
Фото: Принтскрин/Твитер/Инстаграм