Светската поп дива Бијонсе моментално е на долгонајавувана турнеја. Покрај запаливите настапи и живоста на глобално популарната пејачка, големо внимание привлече и нејзиниот телохранител .
Кога обожавателите го забележале и споделиле видео од него, интернетот почнал да гори.
Станува збор за бодибилдер по име Џејмс Плаза, кој стана вирална сензација откако некој прикачил видео од неговата реакција за време на изведбата на песната „Енергија“.
На видеото се гледа како публиката замолчува кога Бијонсе вели „Замолчи“, а телохранителот мистериозно се насмевнува, на големо задоволство на многумина.
the security guard when the crowd hits mute 😍 pic.twitter.com/jXrkesKP5R
— Anthony Dominic (@alloveranthony) August 7, 2023
На фановите не им требаше многу време да го пронајдат на социјалните мрежи, а открија и дека Џејмс Плаза е професионален спортист и бодибилдер.
Обожавателите не беа мрзеливи, па брзо го пронајдоа неговиот Инстаграм профил на кој редовно го прикачува своето извајано тело кое ги привлекува воздишките на понежниот пол.
– Би сакал да се натпреварувам оваа година, но да бидам без работа поголемиот дел од годината значи дека оваа градба ќе мора да почека засега – напиша тој на Инстаграм само неколку дена пред почетокот на турнејата на Бијонсе.
Сега, кога неговиот Инстаграм е ископан, многу слики од него без кошули кружат на интернет – сепак, кога медиумите ја објавија приказната, неговиот профил стана приватен, разочарувајќи многумина кои уживаа во фотографиите.
фото:Инстаграм приунтскрин