Радио Милева за тешкиот период

Саша Ковачевиќ проговори за болеста што го легна во болница, а откри и од кого се заразил

Саша Ковачевиќ проговори за болеста што го легна во болница, а откри и од кого се заразил

Музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ се врати на работа по тежок период и болест со која се бореше еден месец, а сега проговори за се’.

Тема на медиумите беа неговите здравствени проблеми, поради кои дури два месеци ги откажа сите настапи и неколку недели помина во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

– Сигурно ослабев 5 килограми, но добро, важно е како се чувствува човекот и сега се чувствувам многу добро. Верувам дека си ги вратив силите и затоа продолживме да правиме концерти и да имаме настапи. Дефинитивно не би настапувал доколку се чувствувам лошо. Периодот каков што беше помина, па не се навраќам на оние работи кои не беа толку одлични, но секогаш гледам во иднината. Не знам што беше, изгледа се ‘ се акумулираше со оглед на тоа што живееме со побрзо темпо и побрз живот. Во одреден момент веројатно настанува некаков стрес, кој е дополнителен тригер, и толку – рече Саша и за првпат откри со каков проблем се соочувал и какви тегоби имал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

– Вирусот што помина низ мене, како што ми велат лекарите е вирус кој го пренесуваат деца, значи нешто што децата не го ни регистрираат. Дури и целото мое семејство помина низ истото и буквално без кашлица, температура и се’, но ми се случи нешто со крвната слика што не беше сјајна, па ме оставија во болница осум, девет дена на разни тестови. Фала му на Бога, после сите тие анализи дознавме што е, а само велам дека се случи некоја првична грешка што токму во тој момент испадна така – откри Ковачевиќ за Телеграф.рс

фото:Инстаграм принтскрин/Саша Ковачевиќ

To top