Скопскиот рок бенд Lincoln Letter с го објавија спотot за новата песна „Skull and Bone“– гусарска приказна за екипаж кој трага по својот капетан.
По неколку години пауза поради географска оддалеченост на членовите, Lincoln Letter повторно се враќаат на сцената, овој пат со нова гусарска приказна. По минатиот спот и албум со каубојска – вестерн тематика, бендот одлучи да „заплови“ по нови води и како раскажувачи преку музика, а својата нова тема ја најдоа во светот на гусарските приказни.
Skull and Bone е воедно и најава за нивниот нов албум кој ќе излезе на крајот на летото. Промоцијата на спотот се одржа деновиве во Public Room каде публиката го наполни дворот.
Откако спотот беше прикажан, набргу членовите на бендот – Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски, Андреј Ѓоршевски и Јан Стефановски, стапија на сцената и одржаа жесток концерт, а беа пречекани со голем аплауз.
За крај, публиката повторно го гледаше спотот кој беше примен со позитивни коментари и критики. Погледнете го и вие во продолжение: