Пејачката Ана Николиќ со недели е во центарот на вниманието откако во медиумите се појавија видео снимки од нејзиното лице кое се распаѓа.
По ова таа наместо да се сокрие и изолира семојдневно шокира со нови објави на социјалните мрежи.
Познато е дека таа е позитивна и весела личност, па докажа дека се што ја снашло го оставила зад себе и продолжува понатаму со животот.
Па така се снимаше и овој пат како излегува од кола и пее, додека во раката држеше шише со вода со која се освежува во овие толи денови.
Многумина забележаа и дека таа драстично ослабела, па во преден план се најдоа нејзините облини, додека лицето се уште го крие со шешир и црни големи очила за сонце.
фото:Инстаграм принтскрин