Секој пар трага по совршенство. И по сè изгледа ова не е толку тешко да се постигне. Ова се седум совети од среќни парови наменети за оние кои трагаат по совршена врска.
„Како ти помина денот?“ е многу важно прашање
Секогаш прашајте го партнерот како му поминал денот. Можеби мислите дека е неважно но всушност ова прашање покажува колку навистина ви е важно што се случува во неговиот живот.
Караниците се само караници
Не дозволувајте ситните караници да ви ја уништат врската. Може да сте лудо вљубени во него и во исто време да сте му многу лути. На сите ни се случува ова и не е нешто страшно. Кавгата не значи крај. Успешните парови секогаш ја ставаат врската над проблемите.
Во врската има и обврски
Не значи дека мора да уживате во сè што правите заедно. Дури и да ви е досадно мора да запаметите дека тоа што го правите многу му значи на вашиот партнер. И сето тоа што го правите вреди
Долгата врска се состои од мали работи
Вашиот партнер обожава чоколадо, чипс или колачиња? Кога сте во маркет купете нешто што знаете дека ќе го израдува. Воопшто не е тешко. Токму со ваквите мали изненадувања покажувате дека постојано мислите на него.
Откажете излегување со пријателите и поминете го тоа време заедно
Не правете планови и оставете си цел еден ден само за вас двајца. Колку сте повозрасни толку сте позафатени. Но најдобро е вашето слободно време да го поминете со оној што го сакате.
Споделувајте ги сопствените планови
Сакате да одите на пијачка после работа? Или пак да останете подолго кај пријателката? Добро. Ова е сè супер само известете го партнерот. Прво, тој нема да се грижи за вас доколку му кажете каде сте и второ, тој ќе може да си го испланира времето кога веќе ќе знае дека нема да сте тука.
Секогаш одговарајте на неговите повици и пораки
Никогаш не му спуштајте телефон со изговор дека сте имале некои „поважни работи“. Доколку тој сака да ве чуе од каква било причина тогаш тоа треба да ви е приоритет.
извор:попара.мк