Бугарската фолк ѕвезда Галена, која пред некое време ја брануваше јавноста со своето провокативно видео за новата песна „Дај ми љубов“ во кој пејачката симулира секс сцени со голема кадифена мечка, одново се јави со нова провокација.
Овој пат сксапилната Галена им се обрати на нејзините следбеници на Интраграм.
Имено, пејачката при посетата на Италија, постираше фотографија на нејзиниот профил на оваа социјална мрежа, на која е сликана како провокативно лиже сладолед во корнет и прашува:
„Повеќето од Италијанците се убедени дека кога имаат сладолед в рака, тие би го преферирале истиот пред сексот… Дали е и кај Бугар(к)ите тоа е така?“ – провокативно прашува Галена.
Кај Бугарите како е не знаеме, ама судејќи според нејзините фотографии и видеоклипови, тешко дека кај нас некој би го избрал сладоледот…
Евентуално, можеби би направил компромис: Би ги оставил во игра јазикот и лижењето… а корнетот би завршил во корпа!
Па, ако е веќе жешко, нека биде пеколно… Разладувањето останува за подоцна… под туш!
Фото: инстаграм принтскрин/galena1