Радио Милева не е најдобро, но е пуштен дома

Докторите денес соопштија каква е моменталната состојба на Саша Ковачевиќ откако во саботата заврши во болница (ФОТО)

Докторите денес соопштија каква е моменталната состојба на Саша Ковачевиќ откако во саботата заврши во болница (ФОТО)

Саша Ковачевиќ во саботата беше итно примен во Ургентниот центар во Белград, откако се пријавил во оваа здравствена установа поради нарушено здравје. Тој во текот на викендот беше задржан во болница, а денеска е пуштен на домашно лекување. Здравствената состојба на пејачот се уште не е одлична и бара постојано следење, пишуваат српските медиуми.

“Саша повеќе не е во болница. Си замина дома со препораки од докторот. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и ќе се стави себеси на прво место“, изјави близок пријател на Саша Ковачевиќ.

Пејачот во саботата дошол во Ургентниот центар видно ослабен, а по првите анализи било констатирано дека неговата крвна слика не е добра, поради што лекарите размислувале дали да го задржат во болница до понеделник, што и го направиле.

“Го видов Саша кога дојде. Се чинеше дека е лошо. Веднаш му го отворија досието и го испратија на тестови. Му беа направени детални тестови. Крвната слика не му е баш добра и лекарите расправаат дали да го задржат во болница и да почекаат до понеделник, тоа го слушнав кога коментираа“, рекол извор кој тогаш бил на местото на настанот.

Фото: Инстаграм принтскрин/sashakovacevic

To top