Живот и Стил

Мамурлак и како да се спречи? Совети од фармацевтите: Oва никако не смеете да го правите

Мамурлак и како да се спречи? Совети од фармацевтите: Oва никако не смеете да го правите

Време е да се вратиме во секојдневието, после неколку продолжени викенди. Алкохолот беше секако дел од забавите, прославите и празниците. Кога се прославите во прашање, несаканите ефекти од алкохолот се една од најчестите причини кои не’ спречуваат во нормалното функционирање.

Ентузијазмот што го имаме тие неколку слободни денови, лесно може да биде уништен веќе следното утро, баш поради моментот “Aj уште по една пијачка”.

За да не ги поминувате неработните денови во болки и малаксани, важно е да научите како да го превенирате мамурлакот, вратите енергијата и да го детоксицирате организмот.

Секако, најважниот апел и совет на стручњаците е доколку консумирате алкохол, правете го тоа одговорно и умерено, за да не се доведете себеси или другите во опасност.

Симптоми на мамурлак
Главоболка, слабост, болки во мускулите, гадење, зголемена чувствителност на бучава и светлина се најчестите последици од прекумерното консумирање алкохол.

Алкохолот е диуретик кој доведува до дехидратација, поради што се јавуваат главоболки, како први знаци на исцрпеност на телото. Затоа, важно е да пиете што повеќе вода – помеѓу пијалоците, пред спиење, но и во текот на следниот ден.

“Покрај дехидратацијата, проширувањето на крвните садови кое е предизвикано од алкохолот, води кон сериозни главоболки. Во случај на силна болка во мускулите, не треба да земате аналгетик. Лековите базирани на парацетамол се метаболизираат во црниот дроб, кој веќе е загрозен од прекумерното консумирање на алкохол.” – советува фармацевтот Мирјана Спајиќ од платформата Аптека.рс.

• Што да не се консумира?

– Покрај парацетамолот, постојат и други лекови кои оставаат негативни последици на организмот во комбинација со алкохол. Во групата на аналгетици спаѓаат и аспиринот и ибупрофенот, и тие од истата причина не треба да се земаат при мамурлак.

– Лековите против алергија, кога се консумираат со алкохол, предизвикуваат поспаност и вртоглавица.

Во случај на алергиски реакции за време на првомајските празници, или кога сме некаде во природа – треба да се избере, или алкохол или антихистамин… Но никогаш и двете во комбинација.

– Антидепресивите, никогаш не треба да се земаат заедно со алкохолни пијалоци – алкохолот го зголемува ефектот на антидепресивите и може да одведе до предозирање.

• Што да се јаде?

– Алкохолните пијалоци предизвикуваат оксидативен стрес во телото и го зголемуваат производството на слободни радикали. Поради оваа причина, важно е да се зголеми внесот на храна која има силно антиоксидативно дејство.

Највисока содржина на антиоксиданси има во свежото овошје и зеленчук, како и во јаткастите плодови. Се препорачува консумирање на оореви, лешници, бадеми, боровинки, јагоди, суви сливи, грејпфрут и јаболка.

Од зачини – каранфилче, оригано, ѓумбир, цимет и куркума имаат висока содржина на антиоксиданси.

• Што да се пие?

– Денот после “другарувањето со алкохолот” , може да помогнат црниот и зелениот чај. Тие ги смируваат надуеноста, грчевите и мачнините, а исто така имаат и корисен ефект врз малаксаноста. Мултивитамините, како и производите со ѓумбир, лимон и камилицасе препорачани после консумирање на алкохол.

Затоа, доколку консумирате алкохол бидете внимателни, хидрирајте го телото и јадете правилни.

“Клин со клин” алтернатива во никој случај не се препорачува, додека неодговорната комбинација на лекови и алкохол може да доведе до сериозни последици по вашето здравје.

изворtocka.kom.mk

To top