Радио Милева крај на љубовта

Кевин Костнер се разведува по 18 години брак

Кевин Костнер се разведува по 18 години брак

Американскиот актер Кевин Костнер и неговата сопруга Кристин Баумгартнер објавија дека се разведуваат по повеќе од 18 години брак.

Претставникот на Костнер, Арнолд Робинсон, во вторникот за Си-Ен-Ен изјави дека има околности кои се надвор од контрола на Костнер што го натерале да се разведе.

Костнер се ожени со дизајнерката на чанти и поранешен модел Баумгартнер во Колорадо во 2004 година.

Многумина беа изненадени од веста дека познатиот актер се разведува од сопругата по речиси 20 години брак. Според „Дејли Мејл“, Кристин е таа што го поднела барањето, наведувајќи ги непомирливите разлики.

Да потсетиме, со сопругата, поранешна американска манекенка која е 17 години помлада, Костнер се ожени на својот ранч во Аспен, а заедно имаат три деца – синовите Кајден (15), Хејс (14) и 12-годишната ќерка Грејс, над која побарале заедничко старателство.

фото:Profimedia

To top