Живот и Стил

Три проблеми кои можат да настанат ако не ја вадите шминката од лицето

Три проблеми кои можат да настанат ако не ја вадите шминката од лицето

Понекогаш е тешко верно да го следите овој совет, особено ако сте многу уморни или немате енергија после напорен ден, но неопходно е доколку сакате вашата кожа да биде чиста и блескава.

Меѓутоа, на сите ни се случило барем еднаш во животот да заспиеме нашминкани или намерно да ја игнорираме, мислејќи дека ништо нема да се случи ако ја измиеме шминката следното утро. Проблемот е што, за жал, спиењето со шминка, особено ако тоа се случува често, може да има несакани последици на кожата на лицето. Истото се случува со (нецелосно) отстранување на шминката со влажни марамчиња наместо со специјални производи за чистење или, уште подобро, со двојно чистење.

Трепките ви страдаат и очите ви се иритираат

Ефектот број 1 кој всушност можете да го видите веднаш се различните иритации околу очите, како и послабите трепки. Поконкретно, ако не ги миете добро очите од моливи и сенки, можно е производите да влезат во вашите очи додека спиете и да ги иритираат, предизвикувајќи црвенило, а можеби дури и инфекција и отекување на очните капаци.

Дополнително, ако не ја извадите добро маскарата, ризикувате да предизвикате иритација и на очните капаци и на самите трепки, што може да доведе до блефаритис, инфекции, па дури и до слаби трепки. Маскарата ги стврднува, поради што трепките се виткаат (логично) за да го добијат посакуваниот ефект. Но, тоа значи дека тврдите трепки се повеќе склони кон кршење и оштетување за време на спиењето.

Акни на лицето

Повеќепати е кажано колку е важно внимателно да го чистите лицето секоја вечер пред спиење, без разлика дали се шминкате или не. Доколку не го следите горенаведеното правило, голема е веројатноста дека сите остатоци од шминка и нечистотија/бактерии кои се насобрале на површината на лицето во текот на денот, ќе останат на кожата, ќе ги затнат порите, што постепено предизвикува мозолчиња.

Уморен изглед, губење на сјај

Лице кое има остатоци од шминка и не е темелно исчистено, логично е дека нема да изгледа совршено блескаво и хидрирано, како што сакаме да биде. Честото и темелно чистење ги отстранува, меѓу другото, мртвите клетки од површината на кожата, правејќи ја помазна и посветла.

Секако, не можеме да кажеме дека сето горенаведено ќе ви се случи ако еднаш заборавите да ја отстраните шминката, само ако тоа е однесување кое станало навика, добро е да размислите за тоа.

извор:курир.мк

To top